Компаниите Apple и Samsung пријавиле забавување на продажбата на паметни телефони во првиот квартал од оваа година, додека кинескиот технолошки див Huawei забележал тренд на пораст.

Имено, испораките на паметни телефони на Huawei се зголемиле за 50 проценти во првиот квартал во однос на истиот период минатата година, додека испораката на iPhone од Apple паднала за 30 проценти, според новите податоци од истражувачката компанија IDC.

Во исто време, испораките на Samsung паднале за осум проценти во споредба со претходната година, објави CNBC.

Најновите податоци покажуваат дека Huawei има удел од 19 проценти на глобалниот пазар на паметни телефони, што е најголем дел досега.

Оваа кинеска компанија според оценките на IDC сега е “на чекор” од Samsung, кога станува збор за позицијата на најголемиот продавач на паметни телефони во светот, бидејќи веќе го помина Apple како втор по големина продавач на паметни телефони.

Huawei, сметано според уделот на пазарот, првпат го победи Apple во 2018 година.

Продажбата на Apple во првиот квартал била погодена од слабата побарувачка во Кина, каде што приходите паднале за 22 проценти.