Кинеската компанија за комуникации, TENAA објави спецификации и фотографии од уредот за кој се верува дека всушност е смартфонот Honor 8A.

Овој телефон има куќиште од брусен метал и една, во врвот позиционирана задна камера, решение слично како кај iPhone 6. Исто така, се чини дека во горниот дел на екранот има и мал засек, во кој е сместена предната камера.

Инаку, А-серијата е семејство на Honor достапни смартфони. Honor 7A се појави во април и се продаваше за 130 долари, додека Honor A веројатно ќе го следи тој пат. Dobi 6,1-инчeн HD+ екран со резолуција 1560х720 пиксели и формат 18:9, 3 GB RAM, 32 или 64 GB интерна меморија, microSD слот за картичка до 512 GB и 2,3 GHz осмојадрен процесор.

Однапред е сместена камера од 8 мегапиксели, што во денешно време е стандард за поевтините телефони, додека задната камера има 13 мегапиксели. Познавајќи го Honor, со сигурност може да се каже дека има поддршка од AI технологијата.

Уредот го напојува батерија од 2.920 mAh, а го користи оперативниот систем Android 9.0 Pie.

Се уште не е официјално објавено кога Honor 8A ќе се појави во продажба, но се верува дека тоа ќе биде април 2019. година.