Microsoft објави извештај во кој предупредува дека две руски групи користеле социјални мрежи за да шират лажни вести и видеа за Камала Харис, демократската кандидатка за претседател на САД.
Клинт Вотс, генерален директор на Центарот за анализа на закани на Microsoft, рече дека „фарма на тролови“ поврзана со руската влада произвела и дистрибуирала две лажни видеа, едното ја прикажува Харис вмешана во сообраќајна несреќа, а другата снимка прикажува како нејзин поддржувач напаѓа фан на Трамп.
Двете лажни видеа собраа милиони прегледи, а лажното видео од несреќата се прошири на неколку социјални мрежи преку фиктивен медиум во Сан Франциско кој беше создаден неколку дена порано.
„Storm-1679, понова група наводно поврзана со Кремљ, го префрли својот фокус од производство на содржина за Олимпијадата во Париз во 2024 година на објавување лажни видеа кои ja дискредитираат потпретседателката Харис“, додаде Вотс.
„Едно од видеата, кое беше споделено на X кратко време откако беше објавено на Telegram, покажува лажен билборд со тврдења за политиката на Харис. Објавата имаше повеќе од 100.000 прегледи на X за четири часа“, рече Вотс.
Поврзани артикли