Станува збор за пилот проект во кој Goodyear ќе собира клучни податоци за удобноста при возење, бучава и многу повеќе.

Goodyear Tyre & Rubber Co. тестира гуми кои не се наполнети со воздух на автономни возила во Џексонвил, Флорида. Пневматиците и тркалата NPT претходно се тестирани три години на автономно возило наречено Olli, во затворен простор. Сега, за прв пат, гумите одат на јавни патишта и на делница долга околу 16 километри.

Goodyear не пропушти да спомене дека ова е прво тестирање на ваков тип гуми на јавни патишта. Безвоздушната гума ќе биде потрајна, и со неа, се разбира, никогаш нема да се жалите дека е дупната. За време на овој пилот проект, Goodyear ќе собира клучни податоци за удобноста при возење, бучава и многу повеќе во соработка со Управата за транспорт во Џексонвил, која управува со флота на автономни возила.

Наместо воздух, гумите се потпираат на специјално изработени ламели, а на слични проекти работат и Michelin и Bridgestone. Goodyear е првиот кој со овој тип на гуми излагува на отворен пат. Секако, понатамошниот развој вклучува примена кај стандардните автомобили и комерцијални возила.

Michelin најави комерцијализација на слична гума, Uptis, во 2024 година.

Извор: Додај Гас