Amazon најави дека виртуелниот асистент Alexa наскоро ќе биде достапна со гласот на актерот Семјуел Л. Џексон, како и други познати личности.

Компанијата планира да наплаќа мала претплата за новата опција, а секој глас ќе биде достапен за 0,99 долари.

Од Амазон додаваат дека е направена надградба и на звучниците „Ехо“, односно додадена е поголема верзија на звучникот со Долби Атмос за подобар, т.н. „3Д звук“.

Амазон моментално го држи рекордот за најпродаваниот паметен звучник.

Во врска со гласот на Семјуел Л. Џексон, корисниците на Alexa ќе имаат можност да изберат опција со пцовки или без.

По Џексон, Amazon планира да воведе гласови и од други познати ѕвезди.