Корисниците на платформата X сега можат да ја уредуваат содржината на директните пораки.

X почна да им дозволува на корисниците да уредуваат (edit) директни пораки (DM), а оваа промена беше забележана неодамна.

Опцијата засега е достапна само за корисниците на платформата iOS, а се вели дека наскоро ќе пристигне и на другите оперативни системи.

Не постои временско ограничување во кое е неопходно да се измени директна порака, но дозволени се само пет модификации по порака.

Промената на шифрирани директни пораки сè уште не е поддржана.