WhatsApp ја подготвува Dark mode опцијата, но прашање е кога ќе биде пуштена во работа, велат оние кои веќе ја тестирале. Оваа функција веќе со месеци срамежливо се споменува, но се уште не објавен конечниот датум на излегување. Дури не постои ни официјален коментар на оваа компанија.

Според пишувањето на сајтот WaBetaInfo, кој следи како се развива бета верзијата на апликацијата, Dark mode (темен режим) е подготвен за Android верзијата.

Корисниците на iOS ќе мораат уште малку да почекаат, бидејќи е потребно да се завршат неколку помали промени, пред оваа функција да биде подготвена за iPhone и iPad.

„Тоа е нешто што WhatsApp може да го направи за 15 минути. Вистинскиотт проблем е што не знаеме кога тоа ќе се случи“, пишува овој сајт.

„Dark mode“ наводно е дизајниран да го намали одсјајот од екранот. Затоа светлата позадина ќе добие потемна нијанса на зелената боја.