Ова е телевизор направен за оние кои поминуваат малку време гледајќи телевизиска програма.

TinyTV (мал телевизор) е целосно функционален, а има и далечински управувач. Неговиоте димензии изнесуваат 3 см ширина и 4.2 см висина. Екранот во боја е широк 2.28 см, а висок 1.6 см.

Доаѓа во рамките на „направи сам“ пакетот, а како што тврдат пороизводители, се склопува за помалку од пет минути, без лемење и специјални алати.

Телевизорот користи MicroSD картичка која овозможува репродукција до пет часа содржини во MP4 формат, на мал екран, наместо на некој поголем, вистиснки.