Meizu 18 серијата телефони е официјално претставена во Кина. Meizu 18 и Meizu 18 Pro ги карактеризира Snapdragon 888 чипсет со 5G поддршка, а имаат и до 12 GB RAM.

Meizu 18 Pro е поголем модел во понудата, со 6,7-инчен Samsung E4 AMOLED екран, со резолуција од 3200 x 1440p пиксели, со поддршка за освежување од 120Hz. Екранот е закривен од сите четири страни, а Meizu одлучи под дисплејот да имплементира 3Д ултразвучен отпечаток од прст од компанијата Qualcomm.

Телефонот е опремен со 5nm чипсет Snapdragon 888, кој има вграден X60 5G модем. Достапни се и 8GB или 12GB LPDDR5 RAM меморија, како и 128GB или 256GB UFS 3.1 простор за складирање.

Meizu 18 Pro има четири камера сензори на задната страна. Главната камера има 50MP Samsung GN1 сензор (f/1.9). Тука е и 32MP f/2.2 Sony IMX616 ултра-широката камера со поле на преглед од 130 степени. Присутни се и 8MP 3x зум камера и 3D ToF сензор. На предната страна има селфи камера од 44MP.

Батеријата со капацитет од 4500mAh има поддршка за 40W полнење преку кабел и 10W обратно безжично полнење.

Кога е во прашање стандардниот Meizu 18, се работи за покомпактен модел со 6,2-инчен AMOLED екран и 3200 x 1440p резолуција. Присутно е исто освежување од 120Hz и закривено стакло околу рабовите.

Meizu 18 исто така користи Snapdragon 888 чипсет, 8GB и 12GB RAM, UFS 3.1 складирање и има поддршка за 5G конекција. Батеријата со капацитет 4000mAh, со поддршка за 36W полнење, но нема опција за безжично полнење.

Системот на камери кај овој уред се состои од 64MP f/1.6 Sony IMX682 главен сензор, 16MP f/2.2 ултраширок, 8MP 3xтелефото и 3D ToF сензор. Од предната страна е сместена 20MP f/2.2 камера.

Meizu 18 и 18 Pro ќе се најдат во продажба од 8. март на територијата на Кина, а достапни се во бела, сина и виолетова боја за стандардниот модел и бела, сина и сива боја за Pro моделот.