Microsoft реши да и вдахне нов живот на некогаш популарната апликација.
Skype порано беше една од најпопуларните услуги за пораки и видео повици. Но, времето го престигна и со доаѓањето на сервисите како WhatsApp, Viber, Telegram и други, Skype заостануваше се повеќе зад конкуренцијата, а тоа беше особено забележливо откако беше преземен од Microsoft.
Во меѓувреме, Microsoft го насочи целото свое внимание и ресурси на своите други апликации, како што е Teams, кој го замени Skype.
Сепак, компанијата од Редмонд сега сака да му вдахне нов живот на Skype, па воведе надградба на услугата што тестерите имаа можност да ја испробаат.
Најзабележително е што Microsoft ги отстрани повеќето од рекламите од апликацијата Skype, а во оваа верзија, рекламите се видливи само во feed-от на MSN.
Меѓу другите новитети, вештачката интелигенција е интегрирана во апликацијата Skype, преку Copilot, која овозможува генерирање на слики од Skype, а се пристапува преку прозорецот за разговор.
Верзијата на Skype за iOS доби можност автоматски да се најавува доколку претходно сте се најавиле на друга апликација на Microsoft.
Има и некои поправени грешки со известувања, испраќање фотографии и видеа преку 5G и одговарање на повици.