Освежените HP Omen 15 лаптопи наскоро ќе се појават на пазарот, а HP UK веќе објави страница со карактеристиките на овој модел. Најбитните измени, како и секогаш, се на полето на хардверот.

Така ажурираниот HP Omen 15 ќе го има AMD Ryzen 7 4800H процесорот со осум јадра и 16 чворови, со 45W TDP. Покрај тоа, графиката стигнува во облик на NVIDIA RTX 2060 видео картичка.

OMEN 15 има и изменет екстерен дизајн во споредба со претходните верзии. Новиот модел ќе има потенки рамки околу дисплејот, поинаков систем на шарки, поддршка за Adaptive Sync кај екранот. Присутен е и Bang & Olufsen системот за звук, како и тастатура со RGB осветлување.

Производната страница со описот на карактеристики на HP Omen 15 лаптопот е отстранета, но е забележана цена на уредот од 1370 евра.