Кога се во прашање решенијата за монтирање на сталаци за монитори, секој има некои поинакви приоритети. Постојат такви на кои совршено им одговара постољето со кое доаѓаат нивните монитори, додека на други можеби би им било подобро решение кое би им оставило повеќе простор на работната маса. Во зависност од тоа колку монитори користите, можеби имате и повеќе решенија за монтирање.

Проблемот со ова, барем што се однесува на Apple е тој што понекогаш овие носачи на монитори не мораат нужно да пружаат најдобра симетрија и израмнување. Поради тоа, компанијата Apple патентираше нов дизајн за сталак/носач на мониторот, кој сам по себе е многу интересен.

Овој патент, како што може да се види на дијаграмот, прикажува систем за монтирање кој пробува да ги одржи мониторите што е можно поизрамнети. Ова доаѓа во облик на шина која оди хоризонтално, каде се монтирани мониторите. Меѓутоа, шината е одвоена на два дела, по еден за секој монитор, што на корисниците би им овозможило мониторите да ги поместуваат странично или да ги навалат нагоре или надолу, притоа задржувајќи ги израмнети.

Со оглед на тоа колку Apple го наплаќа својот Pro Display XDR сталак, можеме да замислиме колку би можел да чини овој систем од патентот, но во истовремено мора да признаеме дека се работи интересна идеја.