Компанијата Google повторно се најде на удар на регулаторите, овој пат во Италија.
Италијанската антимонополска управа соопшти дека отворила истрага против Google и нејзината матична компанија Alphabet бидејќи се сомнева дека барањето на Google да ги поврзе личните податоци на корисниците со апликациите и услугите на компанијата претставува „нефер комерцијална практика“.
Поврзувањето на личните активности на корисниците со услуги како што се пребарување на Google, YouTube, прелистувачот Chrome или Google Maps и помага на компанијата да добие увид во однесувањето на корисниците и на тој начин да ги профилира за насочено рекламирање.
Италијанскиот регулатор наведува дека Google не ги информира корисниците за реалните последици од нивната согласност за користење на лични податоци, пренесува ANSA.
Според антимонополската власт, клиентот бил наведен да донесе комерцијална одлука што инаку не би ја донел, бидејќи Google не му дава доволно информации за тоа како неговите лични податоци се споделуваат меѓу давателите на услуги.
Портпаролот на компанијата Google одговори со соопштение во кое изјави дека компаниите ќе ги анализираат деталите за споменатиот случај и ќе соработуваат во истрагата, пренесува Tech Crunch.