Непрофитната организација ICANN (The Internet Corporation for Assigned Names and Numbers) сé уште размислува дали да креира интернет домени со наставката .catholic, нешто што првенствено e барање на Ватикан. Kатоличката црква во Ватикан е една од оние во првите редови кои бараат креирање на домен .catholic, па дури и има платена такса во висина од 185.000 долари и бара да конкурира за неговото создавање.

Ако Ватикан успее, ќе биде сопственикот на правата на доменот и ќе има овластување да одлучи кој се може да регистрира име со ваквата наставка на доменот. Главната опозиција на Ватикан доаѓа од Саудиска Арабија, која се противи на создавање на било кој домен кој содржи религиозни изрази, дури и ако е про-исламски. На пример, Саудиска Арабија се противи на креирањето на домени како .islam, .halal и .ummah. Според нив, Ватикан не може да поседува “католички домен”, бидејќи тоа би било нефер кон Источната православна црква и Ориенталната православна црква, чии членови исто така се идентификуваат како католици.

Освен за религиозни изрази, Саудиска Арабија, исто така, се противи на создавањето на TLDs како .gay, .tattoo, .pub, .bar, .pornography и .baby. Американскиот мултинационален конзорциум, Johnson & Johnson е една од трите компании кои конкурираат за поседување на .baby TLD