Бред Силверберг, поранешен виш потпретседател на Windows, неодамна објави историска фотографија.
Имено, тој е сопственик на првата копија од оперативниот систем Windows 95 која излезе од производната лента.
— Brad Silverberg (@bradsilverberg) July 6, 2024
„Ова е првиот Windows 95 некогаш направен. Произведен е во петок попладне, на 14 јули 1995 година во 17:15 часот“, стои во пораката што ја придружува сликата од примерокот на Windows.
Вработените на Мајкрософт потоа одржаа забава „Release to Manufacturing“, означувајќи го почетокот на владеењето на „прозорците“.
Поврзани артикли