Сè повеќе компании во индустријата за видео игри користат алатки за вештачка интелигенција за да создадат делови од код, визуелни слики или дури и цели игри.
Тоа е „жешка“ тема за која нема единствено гледиште, но вниманието го привлече индустрискиот гигант, јапонскиот Nintendo, кој има свој став.
Во разговор со инвеститорите, претседателот на Нинтендо, Шунтаро Фурукава, се осврна на прашањето за вештачката интелигенција во видео игрите. Тој истакна дека развојот на игри и технологијата слична на вештачката интелигенција „отсекогаш биле тесно поврзани“.
Тој призна дека генеративната вештачка интелигенција може да се користи за креативни цели, но дека Нинтендо не планира да ја користи во своите игри.
Како што објасни тој, главниот проблем е како да се регулираат авторските права кои произлегуваат од употребата на модели на вештачка интелигенција обучени за туѓи дела.
„Иако сме флексибилни во одговорот на технолошкиот развој, се надеваме дека ќе продолжиме да даваме вредност што е единствена за нас и не може да се создаде само со помош на технологијата“, истакна Фурукава.
Поврзани артикли