Intel во јануари го најави Thunderbolt 4,  но тогаш постоеја многу непознаници кога стандардот е во прашање. Сега компанијата објави повеќе детали.

Најпрвин, Thunderbolt 4 ќе биде компатибилен со USB4. Двата стандарда ќе дебитираат со Tiger Lake платформата подоцна во текот на годината. USB4 поддржува 20 Gbps проток, а со соодветен хардвер може да достигне и 40 Gbps.

Thunderbolt 4 ќе поддржува до два 4K екстерни дисплеја или еден 8К екран. Може да поддржи PCIe конекција од 32Gbps. Покрај тоа, портот може да се користи за полнење на лаптопот со брзина до 100W.

Потоа, тука е поддршката за Thunderbolt 4 докови, со вкупно четири порта – еден upstream  три downstream. Перифериите поврзани за докот ќе можат да го „разбудат“ компјутерот. Исто така, зголемена е сигурноста бидејќи бара Direct Memory Access заштита.

Производителите ќе можат бесплатно да го користат Thunderbolt 4 стандардот, но ќе плаќаат лиценца за името и логото.