Популарниот јутјубер MKBHD го интервјуираше Тим Кук – извршен директор на Apple.

Маркез „MKBHD“ Браунли е еден од најпопуларните jутјубери во областа на информатичката технологија, а за време на конференцијата WWDC доби можност да го интервјуира извршниот директор на Apple, Тим Кук.

За време на интервјуто, Кук коментираше за Apple Intelligence, како и за функциите што може да ги извршува вештачката интелигенција на компанијата, како што се сумирање на текст и известувања, креирање прилагодени емотикони и фотографии и многу повеќе.

Siri, исто така, стана попаметен со Apple Intelligence, а сега подобро ги разбира јазиците и има поголема контрола врз апликациите.

За време на интервјуто, Кук го повтори она што претходно го тврдеше, дека и покрај подобрувањата што ги носи, „AI може да има и свои недостатоци“.

Исто така, Кук истакна дека претставувањето на уредот Magic Mouse било неверојатен момент.

Целосното интервју погледнете го во придружното видео.