Извршниот директор на платформата Zoom сака клонови со вештачка интелигенција на деловни состаноци.
Основачот и извршен директор на платформата Zoom Ерик Хуан верува дека луѓето на деловни видео состаноци во иднина ќе бидат заменети со клонови генерирани од вештачката интелигенција (AI).
Според него, вашиот „дигитален близнак“ наместо вас ќе може да присуствува на онлајн состаноци преку платформата Zoom, па дури и да донесува одлуки во ваше име, што ќе ви овозможи да посветите повеќе време на вашето семејство и работите што се приоритет за вас, пренесува порталот Verge.
„Можам да го испратам моето дигитално јас да се приклучам на состанок за да можам да одам на плажа. Не морам да ги проверувам моите маилови, моето дигитално јас може да ги чита повеќето пораки“, вели Хуан.
Тој истакнува дека денешните зафатени луѓе поминуваат премногу време на телефон, присуствуваат на состаноци, праќаат мејлови, одговараат на пораки, како и бришење на несакани или непотребни пораки, па Zoom ќе се обиде да ги автоматизира овие дејства во иднина.
Во иднина, Хуан сака Zoom да биде многу повеќе од само платформа за видео разговор и да гради алатки како Microsoft или Google, а исто така има големи надежи за развој на AI.