Малку неочекувана вест пристигнува од Извршниот директор на Nvidia, Јенсен Хуанг, кој рече дека компанијата е заинтересирана да ги користи производствените капацитети на Intel во производните процеси на своите чипови.

Хуенг во текот на конференцискиот брифинг со новинарите истакна: „Многу сме заинтересирани да почнеме да ги користиме производствените капацитети на Intel во производството на нашите чипови. Меѓутоа, тоа е предизвик кој бара решавање на проблемите со синџирот на производство, така што таквите преговори може да траат многу долго“.

Минатата година, компанијата Intel која дотогаш произведуваше чипови по сопствен дизајн, реши да го прошири својот удел на пазарот, почнувајќи да произведува чипови од други компании. Во таа прилика, Intel објави дека склучил неколку големи проекти вредни неколку милијарди долари за изградба на нови центри за производство на чипови во САД и Европа.