Според неименувани извори, Samsung се одлучил за стратегија со еден чип за своите претстојни телефони што се виткаат/склопуваат.
Како што споменавме, телефоните Galaxy Z Fold6 и Z Flip6 ќе користат чипови Snapdragon 8 Gen 3, наместо да ги комбинираат тековните Snapdragon и Exynos 2400.
Извештајот ги побива претходните тврдења дека Samsung се одлучил за стратегија со двојни чипсети на своите телефони што се преклопуваат.
Third party Galaxy Z Flip 6 case. Not from some AliExpress brand. pic.twitter.com/RoWuDWHHNN
— Roland Quandt (@rquandt) May 22, 2024
Изворите посочуваат дека оваа одлука на јужнокорејската компанија не потекнува од загриженоста на Samsung за перформансите, туку има врска со профитабилноста на производството и продажбата.
Развивањето уреди кои би користеле две различни платформи (во овој случај Exynos 2400 и Snapdragon 8 Gen 3) бара повеќе ресурси и за развој и за поддршка по продажбата. Samsung, според извештајот, процени дека не вреди да се користи тактиката со два чипа.
Секако, Samsung очекува одлична продажба на моделите Galaxy Z Flip6 и Z Fold6, а имајќи предвид дека сериите Z Flip и Z Fold секоја година привлекуваат сè поголем број корисници.
Се појавија и нови рендери, кои ги прикажуваат дизајните на Galaxy Z Flip6 и Z Fold6.