Microsoft во текот на својот медиумски настан во Њујорк најави неколку претстојни Surface производи. Преклопниот таблет Surface Neo ќе пристигне дури кон крајот на 2020. година, има два екрана и го користи Windows 10X оперативниот систем, а компанијата конечно го најави и Surface телефонот наречен Surface Neo, кој исто така има два дисплеја.

Surface Neo има два деветинчни екрани, кои ги раздвојува шарка од 360 степени, која овозможува користење на уредот со два дисплеја еден покрај друг или како еден споен екран. Microsoft ги прикажа можностите на мултитаскинг уредот, можноста за поместување на апликациите помеѓу два екрана или зголемување на апликацијата и користење на двата екрана истовремено.

Уредот има и додаток за тастатура, кој е дизајниран да се закачи на една половина од уредот. Тастатурата со магнет се држи за рамката на Surface Neo моделот, а истото важи и за Surface Slim Pen дигиталното пенкалце.

Microsoft не објави специфични детали за спецификациите на уредот, што не е изненадување со оглед на тоа дека уредот се очекува дури кон крајот на следната година. Сепак, истакнато е дека Surface Neo ќе користи Intel Lakefield чипсет и специјална верзија на Windows 10X оперативниот систем.

Кога е во прашање на Surface телефонот наречен Duo, уредот е сличен на Neo моделот, само што е помал. Големата разлика е во софтверот кој го користи телефонот, а во прашање е Android. Ни овој пат Microsoft не објави премногу информации за хардверот на уредот, така што не е познато кој чипсет го користи (иако веројатно се работи за Qualcomm процесор).

Surface Duo ќе пристигне во текот на празничната сезона во 2020. година, исто како и таблетот Surface Neo.