Смартфонот Nokia G11 е тивко претставен без голема најава.

Nokia G11 го дели најголемиот дел од хардверот со Nokia G21, но има малку полоша главна камера и полесно куќиште. Уредот презема Unisoc T606 процесор, но има помалку меморија, 3GB RAM и 32GB внатрешна меморија. Одзади има три камери, главна од 13 и макро и сензор за длабочина од по 2MP. Во засекот на екранот во форма на капка е сместена селфи камера од 8 MP.

Станува збор за 6,5-инчен LCD HD+ екран со стапка на освежување од 90 Hz. Уредот се напојува со батерија од 5.050 mAh која поддржува полнење од 18 W, но пакетот доаѓа со полнач од 10 W.

Nokia G11 ќе добие безбедносни надградби во период од три години, како и две големи надградби на оперативниот систем. Уредот работи на оперативиот систем Android 11.

Цената на смартфонот во Европа изнесува 159 евра, а достапен е во сина и сива боја.