Ако случајно избришете важна порака од апликацијата iMessage на вашиот iPhone, не грижете се, постои начин да ја вратите назад.
Пред да пристигне iOS 16, моравте да користите резервна копија за да ја вратите оваа порака. За среќа, ова веќе не е случај, а тоа можете да го направите директно од апликацијата – иако има „финта“.
Сите ваши избришани пораки може да се најдат во апликацијата iMessage. Доволно е да ја отворите самата апликација, потоа во горниот лев агол „Edit“ и потоа „Show Recently Deleted“.
Овде ќе видите листа на кореспонденции што неодамна сте ги избришале, како и уште колку денови остануваат додека целосно да исчезнат од вашиот телефон. Сепак, ќе можете да го видите само она што сте го избришале во претходните 30 дена, па затоа треба брзо да дејствувате.
Исто така, нема да можете да ги гледате самите пораки, па ќе мора да идентификувате за што се работи врз основа на телефонскиот број или името на контактот. Штом ќе ги вратите, се разбира, ќе можете да ги читате како порано.
Доколку сакате да вратите порака, доволно е да ја означите, потоа изберете „Recover“, па „Recover Message“. Можете исто така да ги вратите сите одеднаш – само изберете ја опцијата „Recover All“.
Вашите вратени пораки ќе се појавуваат по хронолошки редослед, па ако веќе имате многу од нив во вашето сандаче, можеби ќе треба да скролувате малку за да ги најдете.