Microsoft ги уважи потребите на корисниците што работат од дома и претстави нови функции во октомвриското издание на Microsoft Outlook за Mac.

Microsoft брзо почна со поддршка на новите оперативни состеми на Apple оваа година, вклучувајќи го неодамнешното додавање на поддршка за употреба на Outlook (или Edge) како стандарден клиент за мејл/браузер на iOS и iPadOS. Неговите апликации (вклучувајќи го OneDrive) сега нудат виџет за home screen на iOS 14. Microsoft ветува дека октомврсикото издание уште повеќе ќе го пружа чувството на изворната апликација.

Покрај дизајнот, се чини Microsoft се фокусираше и на тоа Outlook за Mac за го направи попридуктивен простор за корисниците. На пример, подобрено е пребарувањето, оа можете да го филтрирате според статусот на важноста на пораките, клучните зборови и прилози. Апликацијата исто така ја воведува message-snoozing функцијата. Кога немате време да одговите на порака, со повлекување можете да ја одложите комуникацијата и да изберете попогодно време пораката повторно да ви се појави во мејлот како непрочитана.