Apple го подготвува iPhone 17 Slim, според доверливиот советник Џеф Пу, аналитичар во Haitong International Securities.
Вистина е дека сè уште не се појавил дури ни iPhone 16, но типстерите веќе даваат детали за следната генерација на телефони на Apple што е во фаза на подготовка.
Како што рече Пу, серијата iPhone 17 ќе вклучува четири уреди, а моделот Slim ќе ја замени варијантата Plus.
Како што сугерира неговото име – iPhone 17 Slim ќе биде потенок од другите iPhone телефони, а целата серија ќе има освежен дизајн, како и подобрена предна камера.
Уште неколку информации што ги откри Пу: Apple iPhone 17 ќе има екран од 6,1 инчи, iPhone 17 Pro ќе има екран од 6,3 инчи, iPhone 17 Slim ќе има екран од 6,6 инчи, а iPhone 17 Pro Max ќе има имаат 6,9-инчен екран.
Тој исто така изјави дека iPhone 17 и iPhone 17 Slim ќе имаат 8GB RAM со чип A18 или A19. Од друга страна, се наведува дека iPhone 17 Pro и iPhone 17 Pro Max ќе имаат 12GB RAM и A19 Pro процесор.
Поврзани артикли