Американскиот производител на електрични возила Tesla ќе отпушти повеќе од 10 отсто од својата глобална работна сила, се вели во интерен меморандум на компанијата.

„Додека ја подготвуваме компанијата за нашата следна фаза на раст, исклучително е важно да го разгледаме секој аспект на компанијата за да ги намалиме трошоците и да ја зголемиме продуктивноста“, рече извршниот директор на Tesla, Илон Маск, во меморандумот.

Тој истакна дека по анализата на трошоците, Tesla донела тешка одлука да го намали бројот на своите работници во светот за повеќе од 10 проценти.