Децениското искачување на највисокиот планински врв на светот, Монт Еверест, го претвори во депонија со тони ѓубре, а екипите кои го чистат, освен отпад нашле и човечки тела.

Посветена и добро подготвена екипа волонтери се обидуваат да го решат проблемот со загадувањето на Монт Еверест и моментално е во една од најамбициозните мисии на чистење.

Уште во првите две недели од чистењето собрани се три тони ѓубре. Екипата ја сочинуваат 14 волонтери, а целта е да се отстранат 10 тони отпад за 45 дена. Волонтерите собираат конзерви, шишиња, пластика и фрлена опрема за качување. Во акцијата помага и воен хеликоптер кој го транспортира ѓубрето, а екипата се подготвува за искачување на поголеми висини, за да продолжи со чистењето.

Досега се најдени и четири човечки тела на планината на висина од 8.848 метри. Редовното чистење на планината се врши од 2011 година. Владата на Непал во 2014 година воведе депозит за планинарите, кој им се враќа, ако се вратат од планината со осум килограми ѓубре.