Ако Sony ви испрати е-пошта во која нуди попуст на PS Plus Extra, но самата понуда всушност не е вклучена, не сте единствените.
Пред неколку дена, корисниците добија мејлови во кои им се нуди претплата на Extra за цената на пакетот Essential, но текстот содржеше само еден куп препораки за различни видео игри.
Овие мејлови се појавија и на социјалната мрежа Reddit, каде добар дел од корисниците беа збунети од наводната понуда која всушност не постоела.
Откако стапиле во контакт со поддршката за корисници на PlayStation, на некои од нив им било кажано дека мејловите се всушност од минатиот декември и дека не требало повторно да бидат испратени.
Најверојатно некој користел стари шаблони кога испраќал нови огласи и понуди до корисниците, но заборавил да го смени насловот.