Шефот на Nintendo, Даг Баузер откри кога гејмерите можат да очекуваат наследник на Switch конзолата.

Тој во интервју за Polygon изјави дека Nintendo Switch моментно се наоѓа на средина на својот животен циклус, што во суштина значи дека наследникот може да се појави за 3 до 4 години (можеби и порано), бидејќи самата конзола се појави на почетокот на 2017. година.

Не е откриено што точно може да се очекува дотогаш, но веруваме дека Nintendo ќе ја задржи формулата благодарение на која Switch се продава исклучително добро, дури и подобро од next-gen конзолите објавени во ноември. Секако, тоа не значи дека во иднина нема да има различни верзии на Switch конзолата.

Досега видовме верзија со помоќна батерија, па Lite издание, а во моментов кружат гласини дека во подготовка е Switch, кој ќе може да покренува игри во 4K резолуција. Лидерот на компанијата Nintendo изјави дека моментно фокусот не е насочен на тоа, бидејќи сегашните модели на конзолата остваруваат рекорден профит.