Американската корпорација Microsoft на својата веб-страница објави дека наскоро ќе објави нова верзија на својот Office пакет под името „Microsoft Office LTSC 2024“.

Прелиминарната верзија на новиот Office пакет ќе биде објавена во април, а финалната верзија во текот на 2024 година.

Корисниците ќе можат да го купат Office пакетот со еднократна исплата од 149 долари, што значи дека нема да бара претплата или постојано поврзување на интернет.

Новиот Office нема да има вградени функции за вештачка интелигенција (AI), но Excel ќе добие десетици подобрувања како што се динамички графикони, а Outlook ја подобри организацијата на состаноци и алатките за пребарување.

Пакетот ќе биде компатибилен со 32-битни и 64-битни оперативни системи Windows 11, Windows 10 и MacOS.

Ажурирањата ќе бидат објавени во првите пет години по објавувањето на пакетот, по што ќе бидат достапни само безбедносни ажурирања.