Иако Facebook имаше доста проблеми во изминатите неколку месеци, Messenger се уште е најпопуларен облик на комуникација со пораки.

Новиот апдејт им е достапен на сите корисници на Google Store, а апликацијата сега е доста поедноставна за користење.

Messenger досега имаше повеќе табови, но сега има само три: Chat, People и Discover.

Функционалноста е воглавно иста, иконите и опциите не се многу преместени, додека опциите за видеоповици и обични повици останаа на исто место.

Бојата на разговорите од сега може да се менува додека го листате четот. На пример, можете да видите како бојата на разговорот се менува од црвена во сина, додека скролате низ конверзацијата.

Освен тоа, Messenger наскоро би требало да биде достапен во популарната темна тема.