Компанијата Firestorm Labs неодамна собрала дури 12 милиони долари од инвеститорите.

Големите компании како Lockheed Martin инвестираат во овој стартап, а нивната цел е да развијат евтини минијатурни фабрики за 3Д печатење дронови кои би се користеле во воените зони.

Firestorm Labs, со седиште во Сан Диего, е основана откако инженерот Јан Муцеус го посети Киев среде војната, а основниот план е да се изградат фабрики за беспилотни летала кои ќе се вклопат во класичен контејнер, за да можат да бидат поставени каде било во светот.

Контејнерите за транспорт со беспилотни летала доаѓаат во две главни сорти, со опции од 6 метри и 12,2 метри кои моментално се нудат. Firestorm Labs тврди дека овие фабрики треба да прават околу 50 дрона месечно.

Од компанијата додаваат дека тие можат да се постават каде било, а дека дури и целиот систем не мора да биде приклучен на електричната мрежа, односно може да се снабдува со електрична енергија со помош на генератор.

Што се однесува до самите дронови од 3Д печатачот, производот се вика Tempest – Бура. Има максимална тежина при полетување од 25 кг, може да носи товар од 4,5 кг и има распон на крилата од 2,1 метар.

Дронот може да се расклопува за лесен транспорт и има заменливи погонски системи за различни потреби, односно различни мисии.

Компанијата смета дека ова решение треба да им овозможи на корисниците брза и ефикасна воздушна поддршка директно до првите линии на фронтот.