Голем број корисници ширум светот вчера имаа проблеми со пристапот до услугите на Facebook, Instagram и Threads.

Корисниците на трите платформи известија дека автоматски се одјавени од сервисот Мета и им била претставена порака „сесијата истече“. Тогаш тие не можеа да се логираат повторно на услугите. Инстаграм покажуваше грешки за Feed.

Првите извештаи сугерираа дека станува збор за DDoS напад, иако Мета го тврдеше спротивното неколку часа подоцна.

Засега се уште не се знае дали се работи за технички проблем или за напад на „Супер вторник“ во САД, но како што пренесува сајтот CyberInt, одговорни за нападот се хакери.

Експертите тврдат дека падот на услугите на Мета, Фејсбук и Инстаграм, имал многу негативно влијание врз финансиската состојба на компанијата, како и на Марк Цукерберг.

Според извештаите, цената на акцијата на Мета падна за 1,5% по првите извештаи за проблеми со услугата, по што падот се искачи на 1,6 отсто.

Експертите открија колку пари загубил Марк Цукерберг како резултат на овој голем прекин на популарните услуги. Ден Ајвс, управен директор на Wedbush Securities, рече дека Цукерберг изгубил околу 100 милиони долари приход во вторникот наутро како резултат на падот на Фејсбук и Инстаграм.

Наводно, три познати хакерски групи работеле заедно за да ги урнат услугите. Skynet, Godzilla и Anonymous Sudan излегоа на различни платформи, преземајќи одговорност за уривањето на Facebook, Instagram и Threads.

Засега нема потврди дека овие групи навистина се одговорни за нападот, но тие соработувале во минатото. Во декември 2023 година, три групи ја презедоа одговорноста за проблемите со најавување на платформата Discord. Тие соработуваа и на други проекти, вклучително и напад на ChatGPT.

Интересно е што Anonymous Sudan однапред не известил за нападите, што вообичаено го прави оваа група кога станува збор за вакви големи акции, па се претпоставува дека групата можеби блефира.

Иако Skynet, Godzilla и Anonymous Sudan тврдат дека тие се причината за вчерашниот пад на платформите на Мета, засега нема докази дека тоа е навистина точно и можно е да е блеф.