Од Кина пристигна вест за смрт на уште еден член на сега веќе озлогласените кампови за опоравување зависници од игри и Интернет.

Во овој случај се работи за 18-годишник од покраината Анхоу кој премина во локалната болница по претрпените повреди само два дена откако родителите го пријавија во клиниката во градот Фујанг поради неговата зависност од Интернет која повеќе не можеле да ја контролираат.

Засега околностите на неговата смрт не се познати, освен фактот дека во клиниката е пријавен вечерта на 3. август, за два дена подоцна да биде примен во болницата каде и почина.

Со обдукцијата на починатиот откриени се 20 надворешни и неколку внатрешни повреди поради што кинеската полиција го уапси директорот на клиниката и неколку вработени. Исто така, властите одлучија дека спорната клиника за време на истрагата ќе биде затворена.