Јапонската компанија Sony би можела да ја објави новата конзола PlayStation 5 Pro до крајот на 2024 година.

Агенцијата Kantan Games верува дека Sony ќе побрза да издаде нова конзола на пазарот поради падот на продажбата на стандардната конзола PS5, како и да се подготви за објавување на нова верзија на популарната видео игра GTA VI на почетокот на 2025 година, објави CNBC.

GTA е една од најпопуларните видео игри на сите времиња, а Sony се надева дека клиентите кои купуваат GTA VI ќе сакаат да ја играат на новата PS5 Pro конзола.

Јапонскиот технолошки гигант Sony неодамна објави резултати за периодот од октомври до декември 2023 година кои ги надминаа очекувањата на аналитичарите, но во исто време ги намалија очекувањата за продажбата на неговата предводничка конзола PS5.

Тековната фискална година за компанијата Sony завршува на 31 март, а јапонската фирма сега очекува да продаде 21 милион од своите PS5 конзоли во споменатиот годишен период.