Кинеска старт-ап компанија веќе има развиено летачки автомобил и планира да го лансира следната година за потребите на такси превозот. E-184 Dron EHang Inc. може да превезува едно лице во мала кабина, но компанијата тврди дека се работи и на модел за превоз на двајца патници. Извршниот директор на старт-ап компанијата тврди дека работат на лансирање на „беспилотни такси летала’ кои треба да почнат да се тестираат веќе следната година во Дубаи.

Беспилотните летала се напојуваат со четири батерии и опремени се со целосно автоматизирана навигација. Патниците избираат однапред програмирана маршрута, а потоа патуваат. Е-184 може да развие до 100 км/ч и да патува во воздух непрекинато до 25 минути. Во моментов леталото е тестирано во седиштето на копанијата, поранешниот тематски парк на периферијата на Гвангжу во Јужна Кина.

„EHang“ има големи амбиции и сака да создаде мрежа на беспилотни такси летала низ целиот свет.