Тим од компјутерски експерти, собрани во организацијата CERT-In, ги предупреди корисниците на Google Chrome за постоењето на висок ризик од безбедносни закани.

Предупредувањето укажува на некои пропусти, кои се откриени во десктоп верзијата на Chrome, кои може да се користат за да им се овозможи на напаѓачите далечински да ги менуваат кодовите и да манипулираат со системите.

CERT-In посочува дека откриените пропусти влијаат на сите верзии на Google Chrome пред v122.0.6261.57, а засегнати се и Windows, Mac и Linux платформите.

Google веднаш објави ажурирање за Chrome, кое поправа 12 безбедносни проблеми, од кои две се класифицирани како со висока сериозност. Истражувачите кои ги открија ранливостите добија награди од 28.000 долари.

На корисниците им се советува да го ажурираат својот интернет прелистувач Google Chrome без одлагање, а доколку тоа не се направи автоматски, можно е и рачно ажурирање:

Во десктоп верзијата на Google Chrome, кликнете на трите вертикални точки во горниот десен агол. Ќе се отвори паѓачко мени во кое ќе изберете „Help/Помош“.

Во менито што се отвора, изберете „About Google Chrome“, потоа системот автоматски ќе провери дали има ново ажурирање и ќе го надгради прелистувачот.

Oткако ќе заврши ажурирањето, кликнете на „Relaunch“ и стартувајте го Chrome во најновата и ажурирана верзија.

Корисниците се охрабруваат да ги послушаат советите на властите за сајбер-безбедност и да ги преземат неопходните чекори за подобрување на нивната дигитална безбедносна положба.