Microsoft во текот на својата конференција Ignite објави неколку нови функции што пристигнуваат во Outlook. За Outlook на веб, корисниците добиваат Outlook calendar board. Во прашање повеќе е преглед во слободна форма за календарот, во споредба со мрежастиот преглед на на кој сме навикнати.

Опциите за календарот ќе бидат поприлагодливи и корисникот ќе има поголема контрола врз начинот на кој ги гледа календарите, фајловите и другите содржини. Опциите може да се испробаат во рамките на „views“ паѓачкото мени, со избирање на „Board“ опцијата, а достапна е за Outlook на веб.

Уште една нова функција е сугерираното време, која пристигнува на iOS и Android. Функцијата е фокусирана на сугерирање на време за организирање состаноци и користи AI за конфигурирање кога корисникот е достапен и кога учесниците на состанокот ќе бидат достапни. Оваа функција пристигнува за мобилните корисници во текот на март.