Сите се сеќаваме на деновите кога Windows XP беше крал на оперативните системи и практично ниту еден компјутер немаше без него. Она што сите го паметиме особено е иконската позадина што ја имаше Windows XP.

Фотографот Чарлс Ореар направи една од најпознатите и најпрегледаните фотографии во светот, која е препознатлива како познатата позадина за „Windows XP“.

На фотографијата се гледа зелен рид и сино небо со бели облаци. Многумина мислеа дека сликата е исценирана. Се проценува дека фотографијата ја виделе околу еден милион луѓе.

Мајкрософт ја купи фотографијата и ја заштити како позадина на оперативниот систем Windows XP.

Еве како изгледа тој рид денес.