Кога телефонот ќе ви се расипе затоа што сте го намокриле, ќе направите се за да го спасите. Некои совети кои кружат на Интернет, сепак, не се толку добри како што изгледаат на прв поглед.
Интернетот е полн со „трикови“ кои тврдат дека ви помагаат да го исушите телефонот користејќи фен или ориз, но Apple вели дека всушност можете да го оштетите вашиот уред на овој начин.
Ако вашиот телефон не се вклучува и гледате предупредување за детектирана течност, Apple вели дека е најдобро да бидете трпеливи.
Што не треба да правите
1. Не го ставајте телефонот во ориз. Ова е еден од „интернет советите“ кои можат да предизвикаат контра-ефект. Телефонот може дополнително да се оштети бидејќи оризот ќе го ограничи протокот на воздух.
2. Не користете фен за коса или сличен извор на надворешна топлина. Apple не објаснува точно зошто не треба да го правите ова, но компримираниот воздух веројатно само ја турка водата назад.
3. Ако сè уште го гледате предупредувањето за течност по половина час или повеќе, тоа значи дека сè уште има вода околу конекторот. Затоа, не го приклучувајте телефонот за полнење.
4. Не ставајте туѓ предмет во приклучокот за полнење, бидејќи тоа може да ги оштети ситните иглички или да се заглави нешто внатре, што може да предизвика вашиот телефон да престане да се полни.
Што треба да направите?
1. Првата (и логична) работа е да го тргнете телефонот подалеку од изворот на течност, и да го избришете со сува крпа или пешкир.
2. Исклучете ги сите кабли што може да се приклучени на вашиот iPhone и исклучете ги во исто време.
3. Ако телефонот е целосно натопен, може да помогне ако веднаш го исклучите.
4. За да ја отстраните водата од приклучокот за полнење, Apple предлага „нежно протресете го телефонот со приклучокот свртен надолу“.
5. Откако ќе го направите сето ова, оставете го телефонот некаде што е суво и има добар проток на воздух и почекајте. Најдобро е да го оставите вака барем 24 часа.
Поврзани артикли