Компанијата Mophie работи на маска наменета за iPhone X на Apple која што покрај тоа што ќе го заштитува телефонот, исто така ќе има функција и на дополнителна батерија.

Маската ќе биде дел од производната линија Juice Pack Air и ќе изгледа како маската за бежично полнење која што Mophie ја произведе за iPhone 7 Plus. Разликата ќе биде во тоа што новата маска ќе мора да биде прилагодена на двете камери на iPhone X кои што наместо хоризонтално, се поставени вертикално.

Оваа маска во себе ќе содржи батерија со капацитет од 1,720 mAh која што ќе овозможи дополнителни девет часа разговор, но не и брзо полнење.

Маските, односно куќиштата кои што бежично го полнат iPhone X, веќе се присутни на пазарот, а според многумина, исто така солидна конкуренција на маската на Mophie ќе биде маската на Alpatronix која се продава по цена од 59,95 долари и поседува батерија со импресивен капацитет од 4,200 mAh.

Извор: Klix.ba