Револуција на вештачката интелигенција на Samsung во мобилната технологија

Замислете свет во кој секој допир на екранот на вашиот телефон е патување во иднината, каде што секој повик отвора врата за нови димензии и каде секоја фотографија раскажува приказна со совршена јасност. Ова не е научна фантастика, ова е реалноста што ја носи новата серија Samsung Galaxy S24 – технолошки скапоцен камен што ќе ги трансформира вашите секојдневни искуства со своите напредни технологии и вештачка интелигенција, ќе ги направи вашите моменти незаборавни и вашите комуникации безгранични.

Вештачка интелигенција на дланка

Срцето на новата серија телефони Galaxy S24 Ultra, Galaxy S24+ и Galaxy S24 е Galaxy AI*, систем за вештачка интелигенција кој беспрекорно се прилагодува на потребите на корисникот. Вештачката интелигенција не само што ги подобрува основните функции на телефонот, туку и отвора нови хоризонти во комуникацијата и креативноста.
Комуникацијата без јазични бариери сега е реалност. Со двонасочен глас и превод на текст на повиците во реално време, функцијата Превод во живо (Live Translate) ги елиминира јазичните бариери и воедно овозможува инстант превод на разговори со поделен екран, што е особено корисно во меѓународна деловна средина или додека патувате.

Организација и продуктивност

Серијата Galaxy S24 носи револуционерни организациски способности со вештачка интелигенција. Функцијата Помош за белешки (Note Assist) ви овозможува да креирате резимеа и да форматирате минути, додека помош за транскрипција (Transcript Assist) ги конвертира говорните белешки во текст и ги сумира. Тоа се алатки кои ја прават секојдневната работа поефикасна и помалку одзема време.

Пребарување надвор од границите

Новата серија Galaxy S24 поставува нови стандарди во онлајн пребарувањето. Функцијата Заоружи за пребарување (Circle to search) им овозможува на корисниците брзо да најдат информации за објект на слика, личност во видео, предмети во портрет и слично, со едноставно притискање и држење на копчето за почеток и гестови на екранот (заокружување). Новитетот, овозможен од Google, претставува пионерски чекор во интуитивното пребарување, отворајќи ја вратата за нови димензии на истражување и поврзување со дигиталниот свет.

Фотографската револуција

Сонот на секој фотограф се остварува во серијата Galaxy S24. Системот Quad Tele на Galaxy S24 Ultra со нова оптика овозможува до стократно дигитално зумирање, што носи исклучително јасни снимки од која било далечина. Функцијата Nightography го носи ноќното фотографирање на следното ниво, со поголема густина на пиксели и пошироки агли на оптичкиот стабилизатор на слика (OIS) што го намалува заматувањето и го подобрува квалитетот на сликата во услови на слаба осветленост.

Иновативната технологија за вештачка интелигенција им овозможува на корисниците да користат генеративно уредување (Generative Edit) за да ги трансформираат и подобрат своите фотографии, да создаваат совршени композиции, па дури и да ги пополнат рабовите на заоблените слики. Ова носи сосема нова димензија на креативност и персонализација.

Извонредни перформанси за сите потреби

Galaxy S24 Ultra се напојува со мобилната платформа Snapdragon® 8 Gen 3 Galaxy, која заедно со подобрените стапки на освежување од 1-120 Hz и напредниот систем за ладење обезбедува супериорни перформанси и ефикасност. Така, серијата Galaxy S24 е идеална за мобилни игри, снимање и уредување видео со високи перформанси и мултитаскинг.

Во исто време, Galaxy S24 Ultra може да се пофали со најсветлиот екран во историјата на серијата Galaxy, кој достигнува осветленост до 2600 nits. Оваа исклучителна осветленост заедно со функцијата Vision Booster обезбедува одлична видливост во сите светлосни услови. Corning® Gorilla® Armor стаклото дополнително го штити екранот од гребнатини и рефлексии, обезбедувајќи непречено и пријатно доживување при гледањето.

Специјална промотивна понуда за преднарачки

Пристигнувањето на серијата Galaxy S24 кај нас не е само презентација на нов телефон, туку претставува и влез во новата деценија мобилни иновации дефинирани од вештачката интелигенција. Со напредната технологија која се рефлектира во секој аспект на овие уреди, Samsung уште еднаш докажува дека е во првите редови на технолошката револуција која постојано го менува нашиот секојдневен живот. Искористете го периодот за преднарачка кој трае до 24.01.2024 за да нарачате еден од новите модели Galaxy S24, Galaxy S24+ и Galaxy S24 Ultra и заштедете до 7.500 денари, бидејќи добивате двојно повеќе меморија по цена на основната варијанта. Повеќе за промоцијата прочитајте тука.

*Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно барем до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.
Повеќе за новите модели од серијата Galaxy S24 прочитајте на следниве линкови:
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24/
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24-ultra/