Играчите постигнуваат импресивни рекорди во нивната потрага да постигнат слава во заведување и романса.

Играта Baldur’s Gate 3 е полна со можности за „speedrun“, односно рекорди за брзина. Еден играч, наводно, успеал да заврши игра од повеќе од 40 часа за 10 минути. благодарение на пропустот и искористувањето на некои од тајните на ликот на Гејл.

Сега играчите се натпреваруваат и во голем број други рекорди за брзина, вклучувајќи го и рекордот за најбрзо заведување карактери.

Во заедницата за speedrunning Baldur’s Gate 3, моментално се одржува натпревар за да се види кој може најбрзо да го „смува“ својот придружник. Овие „Sex speedrun“ се во тренд на Twitch и YouTube, а моменталниот рекорд е седум минути и 54 секунди.

Играчот, наречен Меј, го создаде својот лик (чие име е Гигачад Тандеркок) и ја заведе придружничката Лаезел. Погледнете како го направи тоа во видеото подолу.

Записите можат официјално да се видат на веб-страницата SpeedRun.com, во категоријата Romance%. Меј доминира во категоријата, заедно со уште еден играч кој успеа да го заведе истиот лик во играта за помалку од 18 минути.

Baldur’s Gate 3 е достапен за компјутер преку Steam платформата, а на PlayStation 5 доаѓа на 6 септември.