Заедно со новата серија телефони, Samsung најверојатно ќе ги претстави и своите два нови полначи. Еден ќе има дури и две USB-C порти за полнење.

Samsung на 17 јануари ќе ја претстави новата серија на телефони, Galaxy S24, заедно со која би можеле да најават и нови брзи полначи. Роланд Куанд, познат дојавувач во секторот за паметни телефони, објави на X дека јужнокорејската компанија развива два нови полначи.

Првиот ќе биде жичен Samsung Charger Duo од 50 W со две USB-C порти, што значи дека максималната брзина на полнење на една порта веројатно ќе биде 45 W, додека при користење на двете ќе биде 25 W. Бројот на моделот на овој полнач е EP-T5020.

Вториот полнач, моделот EP-T411, е освежување на адаптерот од 45W на Samsung (EP-T4510) и засега не се знае какви промени носи.

Како што беше случај во изминатите години, секој од овие полначи нема да биде во пакет со телефоните, туку ќе треба да се купат посебно.