Се појавија нови информации за серијата iPhone 17, а се однесуваат на надградба на предната камера.
Според аналитичарот Мингчи Куо, Apple се подготвува за голема надградба на селфи камерата, но само со серијата iPhone 17.
Компанијата од Купертино, наводно, ќе го опреми iPhone од 2025 година со сензор од 24 мегапиксели. Ова е значително подобрување во однос на сегашната камера, имајќи предвид дека iPhone 15 има сензор од 12MP на предната страна.
Куо исто така додава дека зголемената резолуција на камерата треба да понуди појасна слика, како и да снима повеќе детали. Аналитичарот тврди дека Apple ќе се префрли на леќа со шест елементи, што ќе му овозможи на сензорот да ги коригира изобличувањата и да создаде попрецизни фотографии.
Исто така, перформансите на камерата во услови на слаба осветленост треба да добијат значително подобрување, а сите овие надградби ќе имаат своја цена.
Новите објективи за Apple iPhone 17 ќе ги обезбеди тајванската компанија Yujingguang, а селфи камерите ќе бидат за околу 100 до 120 проценти поскапи од системот за објектив 5P што го има iPhone 15.
Се очекува тоа да се одрази и на вкупната цена на серијата iPhone 17, која ќе биде поскапа.
Претходно слушнавме повеќе информации за серијата iPhone 17, па се очекува телефото објектив од 48MP кај моделот iPhone 17 Pro Max, додека моделите Pro би требало да добијат и Face ID технологија под екранот.
Поврзани артикли