Иако ретко кој би рекол дека Microsoft уште пред две години го објави Surface Go Windows таблетот, многу малку корисници се сеќаваат на тоа, а наскоро би требало да пристигне и неговиот наследник Surface Go 2.

Според некои извештаи, тоа би требало да се случи во следните неколку недели. Новиот таблет со пенкалце и тастатура би требало да има Intel Core m3-8100Y dual-core процесор. Некои информации наведуваат дека според силата нема да биде многу поинаков од оригиналниот модел, во кој се наоѓаше Pentium Gold 4415Y.

Исто така, се наведува дека цената би требало да изнесува околу 400 долари и дека во зависност од спецификациите, ќе чини и до 650 долари. Најмоќната верзија ќе има и LTE конекција, а првите примероци би требало да се достапни во претпродажба од мај, кога би требало да почне продажбата.