Таблетот iPad Pro од следната генерација би можел да има поддршка за полнач MagSafe.
Следниот iPad Pro, кој се очекува во 2024 година, може да вклучува и поддршка за безжично полнење Mafsafe, според MacRumors.
Информациите доаѓаат од извори блиски до компании кои произведуваат магнети за производите на Apple. Иако овие гласини допрва треба да се потврдат, во минатото имаше извештаи дека Apple работи на поддршка за безжично полнење за iPad.
Нови 11,1-инчни и 13-инчни модели на iPad Pro, со OLED дисплеи, се планирани за 2024 година. Овие уреди треба да добијат и надградба на дизајнот, со оглед на тоа што Apple не го промени дизајнот на iPad Pro веќе неколку години.
Можно е Apple да планира стаклена позадина за iPad Pro, но таа вест не е потврдена. Стаклениот заден дел ќе го направи iPad Pro поподложен на оштетување при пад, но исто така ќе овозможи поддршка за бежични додатоци и полнач MagSafe.
Очигледно, iPad би работел и со 15W магнетни полначи Qi2, на кои работат надворешни производители.
Поврзани артикли