Откако беше потврдено дека Redmi K40 серијата телефони ќе биде официјализирана на 25 февруари, истиот ден брендот ќе го претстави и новиот RedmiBook Pro 15 модел на лаптоп.

Лаптопот ќе го покренува Intel процесори од 11. генерација – Tiger Lake H35, со четири јадра и осум нишки и Iris Xe графика. Процесорот е креиран во Intel 10nm Superfin процес. Ќе постои и верзија со Core i5 процесор. Во двата случаја, лаптопот ќе користи Nvidia GeForce MX450 графички процесор.

Лаптопот од 15 инчи ќе има алуминиумско куќиште и осветлена тастатура. На некои тизер фотографии е можно да се забележи и USB-C порт и HDMI порта со целосна големина. Geekbench откри и поддршка за 16 GB RAM меморија, а лаптопот ќе има и вградена веб-камера.

Ќе постои и AMD верзија на RedmiBook Pro лаптопот, наречен RedmiBook Pro 15S. Уредот ќе користи Ryzen 5 5600H и Ryzen 7 5800H процесори. Иако овој модел не го видовме во тизер-кампањата, Geekbench открива и постоење на 14-инчен лаптоп – RedmiBook Pro 14S. Овој модел треба да има 15W Ryzen 5 5700U процесор.