За многумина, еден од најубавите модели на iPhone сега и официјално влезе во „vintage“ категоријата на модели кои застаруваат.

Во март 2016 година, Apple го претстави оригиналниот iPhone SE, кој привлече големо внимание кај корисниците, делумно поради неговата цена, а делумно поради неговиот изглед.

За многу корисници, овој модел претставува еден од најубавите iPhone уреди што ги претстави Apple, а украсен е со дизајн на куќиште сличен на iPhone 5S, чипсетот А9 кој беше актуелен во тоа време, подобрена камера и цена која беше подостапна во споредба со стандардните модели на iPhone.

Apple престана да го продава iPhone SE во септември 2018 година, а дотогаш милиони луѓе го купија. Сега iPhone SE е официјално во категоријата „vintage“ производи на Apple, а тука завршуваат уредите што Apple повеќе не ги дистрибуира помеѓу пет и седум години.

Кога се наоѓаат на листата на винтиџ производи на Apple, тоа значи дека иако овие уреди се уште можат да се поправат, многу е тешко да се најдат делови за нив, а ова е првиот чекор уредите да го добијат епитетот – застарени.

Страницата за поддршка на Apple одржува ажурирана листа на vintage и застарени производи, а кои уреди се наоѓаат на листата можете да видите овде.